Сара Мејс со Димитар Атанасовски и нивните две деца ги наполнија батериите на Копаоник пред почетокот на второто полугодие од учебната година.
34-годишната пејачка и 37-годишниот водител споделија фотографии од зимската авантура во Србија.
Во описот, тие напишаа:
„Со овие човеци до крај на свет, назад…и пак на зимовање. До душа, овој одмор беше малку ‘Илина и пријателите’, ама ако, за арно е. Како сенка си ја следевме. Она си бордаше, ние си ја бодревме, она на анимација, ние пак бодри ја, она на детски базени, ајде сите на детски базени. Ама па девојчето си наполни батерии, сега второ полугодие ја чека да грми, нема лабаво.“
„Шала на страна, презабавни луѓе се овие моиве. Браво бе Универзуме, дури и најмалово театарче лево ќоше ми го пушти да ми биде! Мноогу забава секаде со овие Атанасовци“.
Сара и Димитар стапија во брак во 2017 година, а следната година се роди нивната ќеркичка Илина. Нивниот син Кирил се роди во 2022 година.