Јелена Ѓоковиќ на прекрасен начин го одбележа петтиот роденден на синчето Стефан.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ објави приватни фотографии со слаткото момче заедно со емотивна порака. Прочитајте ја:
„На денешен ден, пред пет години, се роди Стефан, а повторно се родив и јас. Овој пат како Мама и овој пат го имав моето мало момче да ме држи за рака, да ми спие на градите, да пее и плаче со мене додека го учиме животот одново. Колку само промени внесе во нашите животи, мал ГОЛЕМ учителу.“
„Благодарение на твојата мудрост и трпение ние сме подобри родители за сестра ти Тара. Благодарение на тебе станавме вистинско мало семејство. Толку брзо се менуваш, напредуваш и не се врзуваш за никакви промени, туку само храбро чекориш напред. Колку мудрост во едно мало тело, а голема душа. Прекрасно мое малечко, бескрајно фала за секој ден растење со тебе и покрај тебе. За насмевките, нападите на бес, лутина, прегратки, бакнежи... бескрајно фала. Те сакам и ти благодарам за трпението. Растеме заедно еве веќе половина деценија!“
Стефан е првото дете на Јелена и Новак. Тие се родители и на 2-годишната Тара.