Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јелена Ѓоковиќ објави фотографија на која ја дои малата ќеркичка Тара

Јелена Ѓоковиќ објави фотографија на која ја дои малата ќеркичка Тара

Новак и Јелена Ѓоковиќ минатиот месец го добија своето второ дете. Иако славниот пар се обидува да го чува приватниот живот подалеку од будното око на јавноста, понекогаш им дозволува на своите фановите да ѕирнат во интимните семејни моменти.

31-годишната Србинка сподели фотографија на која ја дои едномесечната ќеркичка Тара. Заедно со нив на фотографијата е и едно од трите семејни кученца – Пјер.

Јелена Ѓоковиќ

Пред два дена, Јелена сподели фотографија и од синот Стефан за неговиот трет роденден. Во описот, таа открива дека плачела од среќа што го гледала синчето насмеано и разиграно на роденденската прослава. „Прашање до мајките – Дали плачете и станувате емотивни на родендените на вашите деца? Јас не сум „плачлива“ девојка. Всушност, не сакам воопшто да плачам, но за роденденот на Стефан започнав да плачам само што го видов насмеан. Беше толку среќно момче денес и ние многу се забавувавме додека го гледавме како си игра со другачињата. Ова е првиот роденден кога тој сфати дека е специјален ден и тоа го направи многу среќен“ – напиша Јелена во описот.

Новак и Јелена стапија во брак во јули 2014 година.

Новак и Јелена Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.