Преку нивната фондација, Јелена и Новак Ѓоковиќ огранизираа панел дискусија во Белград на која специјален гостин беше доктор Габор Мате. На настанот се дискутираше за пристапот на родителите и начинот на воспитување на децата, како и за влијанието на траумите врз нивниот понатамошен развој.
Во Домот на Синдикатите, 37-годишната сопруга на врвниот тенисер изгледаше елегантно во женствена модна комбинација.
Белото здолниште со тенки линии Јелена го искомбинира со портокалов корсет и нежно розови салонки.
Д-р Габор Мате е автор, почитуван психотерапевт, експерт за детски развој и признат специјалист во лекувањето на зависности со над 40-годишно истражувачко и клиничко искуство.
Моментално се промовира неговиот филм „Wisdom of Trauma“ (Мудроста на траумата), во кој Мате ги истражува состојбите како анксиозност, самоубиство, хронични болести и зависности кои се сè почеста појава.
Фотографии: Novak Djokovic Foundation