Добрите дела не се забораваат.
25-годишна девојка ги изненади со прекрасен подарок своите баба и дедо кои ја посвоија уште како бебенце. Благодарна за топлиот дом и љубовта кои ѝ ги пружија, Бријана Крај им подари патување во Париз, нешто за коешто нејзината баба зборувала целиот свој живот.
Видеото од емотивниот момент стана хит на TikTok.
@brianna.cry love them down!
♬ original sound - _christmas.all.yearr_
Бријана си ветила дека еден ден, штом ќе започне да заработува доволно пари, првото нешто што ќе го направи со заштедата ќе биде за нејзините најмили.
„Знаев дека кога ќе започнам да заработувам пари, моето прво поголемо купување ќе биде за нив, бидејќи го заслужуваат тоа“ – изјавила Крај.
„Моите баба и дедо се навистина едни од најневеројатните луѓе. Тие имаа по околу 50 години кога решија да ме примат во нивниот дом и никогаш не се чувствуваше како тоа да им беше товар, како да го направија тоа само од добрината на нивните срца.“
„Толку сум благодарна што ги имам во мојот живот“ – додала Бријана.