Актерите од хит-серијата „Friends“ (Пријатели) повторно ќе се здружат, но за жал, не на начинот на којшто посакуваат милиони нивни фанови. Славните актери ќе учествуваат во емисија посветена на Џејмс Бароус.
Педантната Моника (Кортни Кокс), ексцентричната Фиби (Лиза Кудроу), разгалената Рејчел (Џенифер Анистон), хумористичниот Чендлер (Метју Пери), шармантниот Џои (Мет Лебланк) и сезнајкото Рос (Дејвид Швимер) следниот месец ќе му оддадат чест на популарниот режисер кој стои зад 1.000 епизоди на различни серии, меѓу кои и 15 епизоди од „Friends“.
Шесте најпопуларни пријатели една деценија мамеа широки насмевки од малите екрани. Нивните обожаватели со години се надеваат на продолжување на нивните авантури, но досега сите гласини за обединување беа негирани.