Иако, за голема радост на многуте обожаватели на култната серија „Пријатели“, се појавија многу гласини дека оваа комедија ќе се сели на големото филмско платно, сега дефинитивно се знае дека сето тоа е лага.
Лиса Кудроу, која ја играше улогата на Фиби Буфе, тврди дека нема да се направи филмска верзија на популарната американска серија. Таа ги негираше шпекулациите дека креаторите на „Пријатели“ веќе ги собрале сите членови за да преговараат за создавањето на филм.
Многу медиуми пишуваа дека по големиот успех на филмот „Сексот и градот“ нè очекува и филм „Пријатели“.
“
„Сексот и градот веќе беше како мал филм секоја недела. Нашето шоу беше снимано пред публика и кога и да се направи филмска верзија на таков тип шоу, таа изгледа сатирична. Можеби по 10 години, кога ќе нè глумат други луѓе и ќе го прават тоа забавно.“
Навистина ќе беше убаво да се види веселата дружина уште еднаш во своите најпопуларни улоги.