Можеби нема да ви се верува, но близначките кои ја глумеа ќерката на Рејчел и Рос во хит-серијата „Пријатели“ денес имаат по 16 години и успешно чекорат во филмскиот свет.
Улогата на бебето Ема ја имаа актерките Ноел и Кали Шелдон, кои моментално се ангажирани со снимањето на својот нов филм „Us“.
Последната епизода од популарната серија беше емитувана во 2004 година, а кога ќе ги погледнете Ноел и Кали ќе се уверите дека времето лета неверојатно брзо.