Хумористичната серија „Friends“ десет години привлекуваше милионска публика, а шесте главни актери дадоа максимум од себе за нивните авантури на телевизиските екрани да останат врежани во сеќавањата на многубројните фанови.
Кој може да ја заборави лекцијата која Моника му ја одржа на Чендлер за женските ерогени зони или епизодата која нѐ научи што е унаги? Денес, кога се одбележува 20-годишнина од емитувањето на првата епизода, навратете се на некои од највпечатливите моменти од популарната комедија.