Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20-годишнината на „Friends“: 20 факти за популарната серија

20-годишнината на „Friends“: 20 факти за популарната серија

Пред точно 20 години светот запозна шест пријатели кои една деценија мамеа широки насмевки од малите екрани. Секој обожавател на „Friends“ со носталгија се сеќава на дружењето на педантната Моника (Кортни Кокс), ексцентричната Фиби (Лиза Кудроу), разгалената Рејчел (Џенифер Анистон), хумористичниот Чендлер (Метју Пери), шармантниот Џои (Мет Лебланк) и сезнајкото Рос (Дејвид Швимер).

Friends

По повод 20-годишнината од првата епизода, прочитајте интересни факти за популарното шоу:

Првичниот план бил Џои и Моника да бидат хероите од главната љубовна приказна, но сценаристите потоа увиделе дека е посилна хемијата помеѓу Рејчел и Рос.

Friends

Улогата на Фиби ѝ била понудена на Елен Деџенерис, но таа ја одбила.

Friends

Приказната за раѓањето на тројката на Фиби била напишана за да се прикрие вистинската бременост на Лиза Кудроу.

Friends

Сите главни ликови си имаат разменето бакнежи, освен Фиби и Моника.

Од шесте главни актери, само Џенифер Анистон и Лиза Кудроу имаат добиено Еми, а Кортни Кокс е единствената која воопшто не била номинирана за Еми награда.

Friends

На Кортни Кокс прво ѝ била понудена улогата на Рејчел. Но, откако го прочитала сценариото, ја побарала улогата на Моника.

Иако фризурата „Рејчел“ стекна светска популарност и беше масовно копирана, Анистон многупати има изјавено дека воопшто не ѝ се допаѓала.

Friends

Во најавната шпица за епизодата „The One After Vegas“, на секој член му е додадено презимето Аркет на крајот од нивното вистинско име, во чест на свадбата на Кортни Кокс и Дејвид Аркет.

Пред почетокот на снимањето на секоја епизода, главните актери се прегрнувале групно зад сцената, но никогаш не дозволувале да има околу нив камери или други лица додека се подготвувале за шоуто.

Friends

Креаторите на шоуто Марта Кауфман и Дејвид Крејн помогнале во пишувањето на песната „I’ll Be There for You“ од The Rembrandts.

„Insomnia Cafe“, „Friends Like Us“ и „Six Of One“ биле само неколку од отпаднатите предлози пред шоуто да биде наречено „Friends“.

Friends

На почетокот актерите добивале по 22.500 долари за секоја снимена епизода, а во последните две сезони добивале по неверојатни 1 милион долари по епизода. Во втората сезона секој од актерите добивал различен хонорар, но за третата сезона се здружиле и започнале заедно да преговараат со Ворнер Брос. Тогаш на сите актери им била платена иста сума, која била еднаква на хонорарот на најниско платениот актер. Со здружувањето, на Анистон и на Швимер им се намалила заработката. Сепак, на долгорочен план здружувањето се покажало како профитабилна стратегија.

Friends

Три години од снимањето на серијата Рос не старее. Тој има 29 години во текот на три сезони.

Friends

Големото бело куче од апартманот на Џои и Чендлер ѝ припаѓало на Анистон. Тоа ѝ било подарок од пријател за да ѝ носи среќа.

Friends

Секоја од 22-минутните епизоди била снимана по околу шест часа.

Сите пријатели во одреден момент имаат живеено и во станот на Моника и во станот на Чендлер и Џои.

Friends

Во последните месеци од снимањето на серијата, Кортни Кокс била бремена, но бидејќи веќе беше јасно дека Моника и Чендлер никогаш не можат да имаат деца, таа била принудена да го сокрива стомакот со широка облека.

Friends

Пред прикажувањето на првата епизода, целата екипа била на вечера во „Caeser’s Palace“ во Лас Вегас. Режисерот Џејмс Бароус претчувствувал дека серијата ќе стане хит и им рекол дека тоа им е последна можност за да уживаат во анонимноста. Пијаната свадба на Рос и Рејчел е снимена токму на тоа место.

Брус Вилис гостуваше во шоуто, бидејќи изгубил облог со Метју Пери. Тој ги донирал своите приходи во хуманитарни цели.

Friends

Портокаловиот кауч од кафулето „Централ Перк“ бил пронајден во подрумот на студиото Ворнер Брос.

Friends

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.