Бергузар Корел одржа приватен мини концерт за свои блиски пријатели во Zorlu центарот во Истанбул. На сцената, таа се појави во блескав фустан од Raisa Vanessa.
За време на забавната вечер, турската актерка го повика на сцената својот сопруг Халит Ергенч, со кого глумат заедно во повеќе турски серии.
Тие се познати по улогите на „Шехерезад“ и „Онур“ од серијата „1001 ноќ“ и Азизе и Џевдет од „Далеку од дома“.
Парот заедно ја испеа „Can't Take My Eyes Off You“ и ги освои присутните гости.









