Семејството на Бергузар Корел и Халит Ергенч се зголеми за уште еден мал член. Убавата филмска ѕвезда на овој свет ја донесе ќеркичката Лејла.
Според информации од турските медиуми, мајката и бебето се во добра здравствена состојба.
Турските актери се најпознати по улогите на Шехерезад и Онур во серијата „1001 ноќ“. Тие се во брак од 2009 година и заедно имаат и два сина - Али и Хан.