Како заштитни лица на „Zen Diamond“, Бергузар Корел и Халит Ергенч беа специјални гости на настан организиран од брендот за луксузен накит.
На свеченоста во Истанбул, убавата турска актерка го истакна трудничкото стомаче во црна креација.
Бергузар и Халит, кои стапија во брак во 2009 година, го очекуваат нивното второ заедничко дете. Тие се родители и на 9-годишниот Али.
37-годишната актерка и 49-годишниот актер одржаа говори на сцената, а Корел и запеа за гостите.
ВИДЕО
Корел и Ергенч се ѕвезди и во рекламното видено на брендот. Погледнете го: