Бергузар Корел се породи. Според информации од турските медиуми, познатата актерка роди момче тешко 3,5 килограми и долго 51 сантиметар.
Ова е второ дете на Бергузар и нејзиниот сопруг Халит Ергенч. Бебенцето го добило името Хан.
Бегрузар и Халит се едни од најпознатите актери во Турција. Тие заедно имаа глумено во повеќе серии, а кај нас најпознати се по улогите на Шехерезад и Онур од „1001 ноќ“ и Азизе и Џевдет од „Далеку од дома“.
Парот е во брак од 2009 година и има и 10-годишен син.