Бергузар Корел и Халит Ергенч со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивното трето дете.
Турските актери со слатка фотографија открија дека неродената ќеркичка ќе се вика Лејла.
На неа, 51-годишниот актер ѝ го гали трудничкото стомаче на 38-годишната актерка, а во описот стои: „Утринско кафе со Лејла“.
Славниот пар веќе извесен период е на летен одмор од каде споделува фотографии.
Бергузар и Халит се познати по улогите на Шехерезад и Онур во серијата „1001 ноќ“. Тие се во брак од 2009 година и заедно имаат и два сина - Али и Хан.