Шенон Доерти сподели фотографија на Денот на мајката и со емотивен текст ѝ се заблагодари на мајка си за целата љубов и поддршка која ѝ ја пружеше додека се бореше со ракот на дојка.

На фотографијата, 46-годишната ѕвезда од серијата „Beverly Hills, 90210“ позира со мајка си Роса, а во описот пишува:
„Среќен Ден на мајката на сите, а особено на мојата мајка. Силна, бестрашна дама која на прекрасен начин се справува со животот и сите негови кривини. Ти благодарам мамо за твојата безусловна љубов и прифаќање. Ти благодарам за ладните облоги кога ми беше лошо поради хемотерапијата. Ти благодарам што ми велеше дека сум убава кога ја избричивме мојата глава. Ти благодарам што беше сигурна дека ќе го надминам сето тоа и ти благодарам што се адаптираше и ме сакаше онаква каква што сум по сето тоа. Те сакам мамо... до Месечината и назад.“

Шенон ја има поддршката на својата мајка уште од почетокот на своето емотивно патување, кога си ја избричи главата.






Пред половина месец, Доерти им сподели на своите фанови дека е во ремисија преку пост на Instagram.
Познатата актерка проговори за својот здравствен проблем откако беше објавено дека таа го тужи поранешниот менаџер за тоа што го изгубила здравственото осигурување во 2014 година и не добивала соодветна медицинска нега во тој период.
Според тужбата, во март 2015 година Шенон дознала дека има инвазивен рак на дојка кој метастазирал барем на една лимфна жлезда. Докторите ја информирале дека ракот се проширил во 2014 година, кога таа немала здравствено осигурување. Во тужбата е посочено дека ако Доерти имала осигурување во тој период, ракот ќе бил откриен порано и дека немало да има потреба од мастектомија и хемотерапија.