Шенон Доерти храбро се бори со ракот на дојка и секој потег од измачувачката битка го споделува со своите фанови преку социјалните мрежи.
45-годишната актерка, која пред една недела објави дека заврши со хемотерапијата, се појави со својот сопруг Курт Исвариенко на гала вечер, која таа ја организираше за спасување на животни преку организацијата „Animal Hope and Wellness“.
Облечена во црно, ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 90210“ изгледаше здраво и среќно, додека позираше со активистот Марк Чанг и сопругот.




„Се чувствувам одлично. Многу сум позитивна и среќна сум со тоа каде сум денес. Ракот, колку и да е тежок, за мене беше благослов. Ме промени мене како личност засекогаш. Го промени мојот живот на начини на кои не можам ни да опишам“ – изјавила таа на настанот.



На Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојка во февруари 2015 година. Таа беше почестена со Награда за храброст од страна на Американското здружение за рак (American Cancer Society), поради нејзината смелост отворено да зборува и да споделува детали од својата тешка борба со ракот.
„Последен ден од хемотерапијата. Исцрпена. Сега, кога завршив со хемотерапијата и зрачењето, играта нa чекање започна. Чекам за тестирање. Чекам да видам дали сум чиста или не. Чекам за реконструкција. Чекам. Сметам дека кога некој ќе добие рак, тој секогаш е во исчекување на одреден начин. За сите оние кои знаат, јас чекам заедно со вас“ – напиша Шенон во описот на фотографија која ја сподели пред една недела, а била направена во октомври минатата година.