Средношколци од Тетово испратија моќна порака по ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Учениците од ОСМУ „Никола Штејн“ со видео порачаа: „Говориме на различен јазик, но плачеме исто“. Во снимката, тие држат црни балони, а на дланките имаат испишано натписи со поддршка за сите засегнати од несреќата.
„Кочани, тука сме за вас“, „Со почит на загинатите“, „Кочани, заедно сме појаки“ – се само дел од пораките.






