Пред неколку дена се одржа крштевката на синот на принцот Карл Филип и принцезата Софија. На церемонија во црква во палатата Дротнингхолм, малото момче го доби името Александар Ерик Хубертус Бертил.
На Twitter, шведското кралско семејство објави официјални фотографии од крштевката, на кои среќниот брачен пар со синчето позира со роднини и кумовите на бебето.
Малиот принц, кој се роди на 20 април, беше облечен во традиционалниот фустан за крштавање кој го имаат носено многу членови на кралското семејство, вклучително и неговиот татко Карл Филип.