Шведското кралско семејство со отмен изглед пленеше на крштевката на најмалиот член.
Принцот Карл Филип и принцезата Софија го крстија третото дете – принцот Џулијан.
42-годишниот принц и 36-годишната принцеза со црковна церемонија го одбележаа значајниот момент, а покрај нив беа и двете поголеми деца, принцот Габриел и принцот Александар.
На свеченоста присуствуваа и најблиските роднини на кралскиот пар. Престолонаследничката Викторија и принцезата Меделин шармираа заедно со своите семејства, а главни гости беа и кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија.