Пред четири дена принцот Карл Филип и принцезата Софија станаа родители. Малиот принц Александар Ерик Хубертус Бертил од Шведска, војводата од Седерманланд, дојде на овој свет на 20 април, а шведското кралско семејство вчера ја сподели првата фотографија од новороденото момче.
Фотографијата ја направил гордиот татко – принцот Филип. Момчето се родило тешко 3,6 килограми и долго 49 сантиметри.
На Twitter беше објавена фотографија од кралскиот пар со синчето кога си заминуваа од болницата „Danderyd“, во која се породи Софија.
36-годишниот принц и неговата 31-годишна избраничка стапија во брак во јуни минатата година.