Принцот Карл Филип и принцезата Софија станаа родители на уште едно момче. Шведскиот кралски пар го доби своето второ синче пред пет дена.
Новороденото бебенце го доби името Габриел Карл Валтер. 38-годишниот принц и 32-годишната принцеза ја споделија првата фотографија со малиот принц.
Карл Филип и Софија стапија во брак во јуни 2015 година, а нивното прво синче Александар се роди на 19 април минатата година.