Цеца Ражнатовиќ со ќерка си Анастасија Гудељ пристигна на финалето од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
50-годишната српска пејачка, која е дел од жирито во музичкиот натпревар, носеше бела модна комбинација со корсет од модното студио Iv Ice. Својот изглед, таа го надополни со чанта од Dior и салонки од Christian Louboutin.
Анастасија носеше црн комбинезон и чанта „Биркин“ од Hermès.
Шејла Зониќ победи во натпреварот за таленти. Во финалето таа се натпреваруваше против македонските кандидати Мики Секуловски и Андријана Петрушовска.
Фотографии: Instagram