Присуството на две од најголемите холивудски ѕвезди во Рим беше невозможно да остане незабележано. Анџелина Џоли и Мишел Фајфер ги размрдаа прстите на фоторепоретерите на промотивен настан за нивниот заеднички филм „Maleficent: Mistress Of Evil“.
44-годишната Џоли со широка насмевка позираше во црни панталони и волуменозна виолетова креација од високата мода на Живанши.
И 61-годишната Фајфер носеше црни панталони кои ги искомбинира со елегантна ролка со долги ракави.