Џони Деп насмеа многу детски лица во австралиска болница, каде се појави облечен во популарниот костим на капетан Џек Спароу.
52-годишниот актер направи пауза од снимањето на продолжението од популарниот филм „Pirates of the Caribbean“ за да ги изненади пациентите во детската болница „Lady Cilento“. Популарниот актер слетал со хеликоптер на покривот од болницата, а потоа одел од соба во соба за да ги запознае и израдува и дечињата кои не можеле да станат од својот кревет.
„Дојде под услов да не биде туркан и опкружен со возрасни, за да помине онолку време со децата колку што сака. Тој беше таму за децата“ – рекла мајката на Макс,
Деп ги забавувал децата давајќи им пари со пирати и се шегувал со нив. „Си ја врза косата за да си направи брада. Тоа беше мојот омилен дел“ – рекол малиот Макс.
Погледнете ја средбата со Макс:
Деп во моментов го снима филмот „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“ во Квинсленд, Австралија.