Џесика Алба го потенцира својот сексапил за списанието „Entertainment Weekly“.
33-годишната актерка позираше заводливо во бикини, покажувајќи го своето обликувано тело.
Во интервјуто за списанието, таа зборувала за Холивуд, голотијата и ставот дека никогаш не би „купила“ улога со секс. „Јас не стигнав до Холивуд со спиење со други луѓе... Очигледно други го прават тоа, јас не. Израснав како католик. Во мојата глава секогаш се врти мислата: Ох господе, ќе може ли баба ми да го гледа ова?“ – рекла таа.
Алба во моментов го промовира филмот „Sin City: A Dame to Kill For“.