Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Алба ноншалантно елегантна за „More“

ФОТО: Џесика Алба ноншалантно елегантна за „More“

Џесика Алба зрачи со ноншалантна елеганција во мајското издание на списанието „More“.

За едиторијалот „Billion Dollar Baby“, Алба позираше во креации од брендови како Valentino, Brian Atwood, Altuzarra и Maje. За фотографиите бил задолжен Дејвид Слиџпер, а за стилскиот избор се погрижила Тина Чај.

Џесика Алба Џесика Алба

Во интервјуто за списанието, шармантната актерка која денес го слави својот 34. роденден зборуваше за посветеноста на вработените во нејзината компанија „The Honest Company“. „Да си актерка е исто како да си на одмор. Бизнисот е безмилосен. Луѓето работат напорно тука. Убаво е да бидеш опкружен со луѓе кои се толку посветени“ – рекла таа.

Алба признала и дека уште од мали нозе била амбициозна. „Уште на рана возраст знаев дека морам да направам нешто со својот живот“ – изјавила таа.

Џесика Алба Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18957 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.