Џесика Алба блескаше на црвениот тепих пред почетокот на Magnum Golden Butterfly Awards во Истанбул, Турција.
33-годишната актерка шармираше со златна креација од пролетната колекција на Ромона Кевеза.
Привлечната холивудска ѕвезда беше почесна гостинка на свечената манифестација и по тој повод изминативе денови престојува во најголемиот турски град.
Алба редовно објавува на Instagram фотографии од патувањето во Истанбул, на кое не пропушти да се напие турско кафе.