Џесика Алба е лицето од насловната страница на јунското издание на „Glamour“. За фотосесијата таа позираше во лежерна облека од брендови како Барбери, Келвин Клајн, Стела Мекартни и Александар Ванг.
Во интервјуто, Алба зборувала за желбата за финансиска самостојност. „Во моето родно место требаше да му се потчинуваш на мажот ако тој ги носеше парите во домот. Мајка ми ме научи дека не мора истото да ми се случи и мене, дека не морам да се потпирам на маж. Бев решена да бидам финансиски независна. Па, започнав да заработувам свои пари уште на 12 години. Тоа беше слобода“ – изјавила таа.
Алба освен што заработува од актерската кариера, таа е и основач на компанијата „The Honest Company“. „Сметам дека ова е одлично време за жените претприемачи“ – рекла таа.
Кога станува збор за Холивуд, Џесика е против разголувањето пред камера. „Не сакам моите баба и дедо да ми ги видат градите. Тоа е тоа“ – објаснила таа.