Џенифер Анистон присуствуваше на прикажувањето на својот најнов филм „Office Christmas Party“ во Њујорк.
47-годишната актерка шармираше во црн комбинезон на едно рамо од колекцијата есен 2016 на Брендон Максвел, накит од Фред Лејтон и црна чанта.









Дизајнерот Брендон Максвел сподели фотографии на Instagram од ѕвездата од серијата „Friends“ и напиша: „Едно од моите омилени парчиња на една од моите омилени жени“.
Џенифер позираше и со своите колеги од филмот, Џејсон Бејтман и Оливија Ман, која носеше фустан од Рим Акра.



Во филмот, Анистон ја има улогата на строгата шефица Керол, која се труди да воведе ред за време на лудата божиќна забава во фирмата.