Џенифер Анистон им се врати на промотивните активности по венчавката со Џастин Теру. Холивудската ѕвезда се појави на премиерата на својот најнов филм „She's Funny That Way“ во Лос Анџелес.
За прикажувањето на филмот, 46-годишната актерка избра елегантен црн комбинезон од Ролан Муре.







На фотографиите се забележува и златната бурма со минијатурни дијаманти на Џенифер.



На премиерата присуствуваше и Овен Вилсон, кој глуми покрај Анистон во новиот филм.

