Џенифер Анистон изгледа одлично и без шминка. Природното лице на 44-годишната актерка беше откриено од Крис МекМилан, долгогодишниот стилист на косата на Анистон и виновникот за познатата „Рејчел“ фризура.

МекМилан објави фотографија на која позира заедно со Анистон, а притоа објасни дека лицето на славната актерка воопшто не е допрено од шминка за разубавување.
Тајната на убавата кожа на Џенифер се крие во правилната исхрана и здравиот начин на живот. „Пијте доволно вода, спијте доволно, вежбајте и јадете здрава храна кога и да имате можност“ – советува таа.
Џенифер моментално ја промовира комедијата „We're the Millers“, а го снима филмот „Squirrels to the Nuts“.

