Како најплатена актерка од телевизиските екрани, Софија Вергара може да си дозволи луксузен дом, а нејзиниот избор падна на прекрасен имот во Беверли Хилс.
Откако се раздели со 10,6 милиони долари, 41-годишната Колумбијка стана сопственичка на куќа во италијански стил со 7 спални соби, 11 бањи, винарска визба, сала за вежбање, домашно кино и одушевувачка градина со базен.
Во изминатава година се проценува дека Вергара заработила околу 30 милиони долари. Освен со учеството во серијата „Modern Family“, таа го зголемува своето богатство и со својата колекција облека за KMart, а исто така и со рекламите за Cover Girl, Rooms to Go, Synthroid и Diet Pepsi.