Кара Делавин непрекинато патува низ светот, а кога ќе се врати во родниот Лондон, живее во куќа чиј ентериер неодамна беше целосно променет. Екипата на Architectural Digest преку фотографии ни дозволува да „влеземе“ во домот на 25-годишниот модел.
„Има високи тавани и големи прозорци, но е приватна и класична“ - вели таа за куќата во интервју за познатото списание.
За дизајнирањето на просторот бил задолжен Том Бартлет, кој ја познавал Кара од мали нозе. Најзабележителна просторија е бањата, во која би се чувствувале како да лебдите меѓу облаците.
За необичниот дизајн, Том изјави: „Таа навистина ја сакаше идејата да лежи во када откако ќе се врати дома од патувањата и тоа да е романтично и како во сон.“