Непосредно пред раѓањето на своето прво дете, Мила Кунис одлучи да се раздели од имотот кој досега го нарекуваше свој дом. Славната актерка продава елегантна куќа во медитерански стил за 3.995.000 долари.
Огромна дневна соба и трпезарија, пет спални соби, пет бањи, мала кино сала и просторија за вежбање се протегаат на површина од 455m2.
Базенот и прекрасниот поглед над Лос Анџелес ја зголемуваат вредноста на имотот.
Кунис и Ештон Кучер наскоро ќе станат родители и очигледно се подготвуваат за вселување во нов фамилијарен дом.