Ева Мендес со шармантна насмевка го краси новото издание на списанието „Women’s Health“. Привлечната актерка, која пред една седмица го прослави својот 41. роденден, позираше во бела и цветна облека за фотографот Бен Ватс.
Во интервјуто за списанието, Мендес зборувала за мајчинството и за вегетаријанската исхрана.
Атрактивната мајка, која е во долга врска со Рајан Гослинг, пред шест месеци ја роди ќеркичката Есмералда. Коментирајќи ги првите месеци од мајчинството, таа рекла: „Всушност, јас уживам во бессоните ноќи, бидејќи во тоа време ја јакнам врската со моето девојче.“
Иако веќе има доволно искуство, Мендес вели дека сè уште не би делела мајчински совети. „Чувствувам дека го немам заслужено правото да давам совети. Сакам да покажам почит кон сите мајки“ – рекла таа.
Во однос на исхраната, Ева вели дека целосно го исфрлила месото уште пред 6 години. „Немам јадено месо шест години. Кога го отфрлив целосно, веднаш се почувствував подобро. Една година по елиминирањето на месото, мојата кожа започна да изгледа поблескава и поздрава“ – изјавила таа.
Пред неколку дена Ева и Рајан беа фотографирани по нејзината роденденска прослава.