Ева Мендес отпатува со семејството во Дизниленд во Калифорнија, по повод нејзиниот 45-ти роденден.
Славната актерка славеше и се забавуваше на „најсреќното место на светот“ заедно со партнерот Рајан Гослинг и двете ќеркички, 2-годишната Амада и 4-годишната Есмералда.
Во забавниот парк, Ева и Рајан беа придружувани и од мајката на Ева и од други роднини и пријатели.
Двајцата актери за првпат беа фотографирани заедно од папараците на истото тоа место во 2011 година.