Ева Мендес е повторно бремена. 42-годишната актерка и дизајнерка и Рајан Гослинг го очекуваат своето второ дете.
Убавата вест ја потврдиле извори блиски на парот за релевантни странски медиуми, а Мендес деновиве беше фотографирана како со чантата си го покрива трудничкото стомаче.
Холивудските актери заедно имаат ќеркичка – 19-месечната Есмералда Амада. Мендес и Гослинг се запознаа на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“, а ја започнаа својата врска во септември 2011 година.
35-годишниот актер неодамна зборуваше за својата сакана во интервју за списанието „Hello“. „Знам дека сум со личноста со којашто треба да бидам“ – рекол тој.