Ева Мендес и Рајан Гослинг станаа родители. Според релевантни странски медиуми, убавата актерка родила девојче.
Сепак, парот ја нема потврдено веста, што е многу очекувано, бидејќи без исклучоци го чува приватниот живот подалеку од медиумската љубопитност.
40-годишната актерка успешно сокриваше дека е во блажена состојба и не дозволи да биде фотографирана во понапредна бременост.
Мендес и 33-годишниот актер ја започнаа својата врска во 2011 година. Во 2012 година заедно глумеа во „The Place Beyond the Pines“, а соработуваа и за режисерското деби на Гослинг, „Lost River“.