Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендес и Рајан Гослинг му посакаа добредојде на своето второ дете

Ева Мендес и Рајан Гослинг му посакаа добредојде на своето второ дете

Ева Мендес и Рајан Гослинг ѝ посакаа добредојде на својата втора ќерка. Бременоста на убавата актерка можеби е една од најдобро криените во Холивуд, бидејќи за неа се дозна пред помалку од еден месец, кога Мендес беше фотографирана како со чанта си го покрива трудничкото стомаче.

Ева Мендес и Рајан Гослинг

42-годишната актерка се породила на 29 април во Санта Моника, Калифорнија, но странските медиуми ја пренесоа среќната вест откако TMZ го објави изводот од матичната книга на родените на малото бебенце. Според документот, ќерката на славните актери го доби името Амада Ли Гослинг.

Ева Мендес и Рајан Гослинг

Парот беше фотографиран додека се упатуваше на ручек на Денот на мајката со својата 20-месечна ќерка Есмералда Амада.

Ева Мендес и Рајан Гослинг Ева Мендес и Рајан Гослинг Ева Мендес и Рајан Гослинг Ева Мендес и Рајан Гослинг

35-годишниот Рајан и Ева се запознаа на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“, а ја започнаа својата врска во септември 2011 година.

Ева Мендес и Рајан Гослинг Ева Мендес и Рајан Гослинг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.