Шакира започна модна „афера“ со Зухаир Мурад. Откако пред десетина дена се појави во креација на либанскиот дизајнер во Берлин, атрактивната Колумбијка повторно реши нему да му го довери својот изглед за доделувањето на ACM Awards (Academy Of Country Music Awards).
На црвениот тепих во Лас Вегас популарната пејачка зачекори облечена во тиркизна креација од колекцијата есен/зима 2014, која е инспирирана од крилјата на инсекти и пеперутки.
Сепак, тоа не беше најжешкото издание на Шакира на вечерта. За нејзиниот настап со Блејк Шелтон таа облече црвен краток фустан од Кристијан Адневик во комбинација со високи црни чизми.
Шакира и Блејк ја изведоа баладата „Medicine“.