Шакира зачекори на виолетовиот тепих на Echo Awards 2014 во Берлин, Германија. Енергичната Колумбијка за музичката манифестација избра сексапилна креација од Зухаир Мурад.
Гламурозниот фустан, кој е од колекцијата есен/зима 2014 на либанскиот дизајнер, привлекува со мрежестиот изглед инспириран од крилјата на инсекти и пеперутки.
За време на свеченоста Шакира настапи со хитот „Can't Remember To Forget You“.