Чејс Крафорд изгледа исто толку сериозно колку и шармантно на фотографиите за септемвриското издание на списанието „August Man“.
27-годишниот актер, познат по улогата на Нејт во серијата „Gossip Girl“, позираше во Прада костум, но и во неколку лежерни комбинации.
Во интервјуто за списанието, Чејс споделил дека по завршувањето на снимањето на „Gossip Girl“ планира да се пресели во Калифорнија.
„Веројатно ќе купам куќа таму, со двор и ќе си купам скара. Ќе живеам фамилијарен живот. Можеби ќе си купам растенија, можеби и куче“ – изјавил тој.
Во моментов тој ја снима последната сезона на „Gossip Girl“, заедно со Пен Баџли, Лејтон Мистер, Ед Вествик и Блејк Лајвли. „Имам добри односи со сите. Се поддржуваме еден со друг, одиме да ги гледаме нашите филмови, понекогаш излегуваме. Очигледно, ќе биде поинаку откако ќе заврши шоуто, но тоа засекогаш ќе ни остане. Си поминувавме прекрасно заедно. Една од позитивните страни во шоу-бизнисот е токму тоа, запознавањето на оваа група талентирани луѓе од различни страни“ – објаснил тој.