Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Тејлор Свифт како модерна принцеза во црвен фустан од Ели Сааб

ФОТО: Тејлор Свифт како модерна принцеза во црвен фустан од Ели Сааб

Тејлор Свифт изгледаше како модерна принцеза на црвениот тепих пред доделувањето на CMA (Country Music Association) наградите.

23-годишната музичка ѕвезда се појави во црвена креација на Ели Сааб од колекцијата висока мода есен/зима 2013.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Нежниот и гламурозен накит од Лорејн Шварц на суптилен начин го надополни целосниот изглед на младата пејачка, чиј албум „Red“ беше еден од најпродаваните минатата година.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

На свечената манифестација Свифт беше почестена со престижна награда која им се доделува на изведувачи кои им ја доближиле кантри музиката на светската публика. Претходно истата награда ја има добиено само кантри легендата Гарт Брукс во 2005 година.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Успешната музичка кариера очигледно не е доволна за Тејлор, која веќе го снима новиот филм „The Giver“ со Мерил Стрип, Џеф Бриџис и Александар Скарсгард.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.