Тејлор Свифт изгледаше како зимска принцеза на хуманитарната гала одржана во Кенсингтонската палата.
Популарната пејачка блескаше во сребрено-бел фустан од Рим Акра на свечената „Winter Whites Gala“.
Минималниот накит и елегантната фризура со ретро кадрици го комплетираа стајлингот на Свифт.
За време на вечерта, гостите имаа можност да видат заеднички музички настап на Бон Џови, Тејлор Свифт и принцот Вилијам. Невообичаеното трио ја исполни „Livin' on a Prayer“.