Тејлор Свифт беше ѕвездата со највпечатлив стајлинг на црвениот тепих по повод доделувањето на Британските музички награди.

Црниот фустан со впечатлива декорација доаѓа од високата мода на Роберто Кавали. Блескавиот црвен змеј на грбот на популарната пејачка привлекуваше погледи и фото-објективи.



Елегантниот стајлинг Свифт го надополни со обувки од британската дизајнерка Шарлот Олимпија и накит од Лорејн Шварц.






За време на манифестацијата, 25-годишната музичка ѕвезда настапи со хитот „Blank Space“, а ја прими наградата Најдобра интернационална пејачка.
