Барак и Мишел Обама беа на вечера во Кенсингтонската палата, по покана на домаќините – принцот Вилијам и војвотката Кетрин.
Претседателот на САД и првата дама беа пречекани од кралскиот пар и принцот Хари, но за време на посетата тие се сретнаа за првпат и со принцот Џорџ.
Малото детенце ги пречека Обама облечено по пижами и според соопштение од палатата, им се заблагодари за коњчето за лулање кое го добило од нив како подарок веднаш по раѓањето.
Фотографијата од средбата на Барак и Џорџ стана хит, а бањарката од 38 долари која малиот принц ја носеше веднаш беше распродадена.