Наскоро семејството Обама ќе ја напушти Белата куќа. Додека трае претседателската трка во САД, Барак и Мишел го покажаа приватниот дел од Белата куќа во кој живееја во изминативе години.
Приватните соби на семејството Обама биле дизајнирани од Мајкл Смит. „Заради Мајкл Смит, приватната резиденција на Белата куќа не само што го рефлектира нашиот вкус, туку и ја покажува историјата на оваа зграда со кој се гордееме. И над сè, нашето семејство навистина го чувствуваше како дом“ – изјави Мишел, давајќи комплименти за Смит.
По заминувањето од Белата куќа, семејството ќе живее под кирија во куќа во Вашингтон