Барак Обама ја одбележа 25-годишнината од бракот со специјално изненадување за Мишел. Имено, 56-годишниот поранешен претседател на САД сними видео за саканата сопруга, во кое со прекрасни зборови опишува колку таа е неверојатна како мајка и сопруга и колку многу ја сака.
Видеото беше прикажано пред бројна публика, додека 53-годишната поранешна прва дама беше гостинка на конференција за жени во Пенсилванија.
„Морав да ви ја растурам забавата бидејќи денес ние сме во брак 25 години.“
„Идејата што ти се справуваше со мене четвртина век е извонреден доказ за тоа колку си света, прекрасна и трпелива личност. Беше многу полесно за мене да го направам тоа, поради фактот што ти не беше само извонредна партнерка, прекрасна пријателка, личност која секогаш ме смее, личност која се грижи секогаш да го следам тоа што сметам дека е правилно, туку ти исто така си одличен пример за нашите ќерки и за целата држава.“
„Твојата сила, грациозност, решителност, искреност, фактот што изгледаш прекрасно додека го правиш сето тоа, начинот на кој секогаш преземаш одговорност за сопствените постапки, но исто така и што се грижиш за луѓето околу тебе, се неверојатни. И не е чудно што луѓето кога ќе те запознаат, како што јас те познавам, се вљубуваат.“
„Навистина најдобрата одлука којашто некогаш ја имам направено е што бев доволно упорен да те поканам на состанок, кој што ти конечно го прифати. И се надевам дека и ти се чувствуваш исто.“
„Па, не сакам да го прекинувам текот на сигурно фасцинантната дискусија, но мислев дека можеби нема да ви пречи да прелетам накратко за да ти кажам колку многу те сакам и почитувам“ – вели Барак во љубовното видео.
Видео од љубовната порака на Барак
Видео од конференцијата
Мишел сподели фотографија од свадбата со Барак и во описот напиша: „Среќна 25-годишнина. Четвртина век подоцна ти сè уште си мојот најдобар пријател и најизвонредниот маж кој го познавам. Те сакам“.
Во чест на овој специјален ден за Мишел и Барак, потсетете се на дел од нивните најмили моменти низ годините.