Семејството Обама за последен пат ќе го слави Божиќ во Белата куќа. По тој повод, домот на првото семејство на САД беше украсен со прекрасни новогодишни декорации, кои внесоа празничен дух и ведрина.
Темата за оваа година е „The Gift of the Holidays“ или „Подарокот на празниците“.
Елки, блескави лампиони, снешковци, подароци, панделки, огромна верзија на нивните семејни кучиња Сани и Бо... Ѕирнете како ќе изгледа Белата куќа за време на празниците.
92 волонтери од 33 сојузни американски држави се погрижиле за украсувањето.
Мишел Обама ги покажа декорациите во Белата куќа на свеченоста на која беа поканети семејствата на воени лица.
Претседателскиот мандат на Барак завршува на 20 јануари, кога на негово место ќе дојде Доналд Трамп.